Супер 7 е он-лајн продавница која се роди како идеа за да ги обединиме слушателите на радио Канал 77 и читателите на Македонски Медиа Сервис, во една заедница, при што ќе ви овозможиме он-лајн купување со пријатно чувство на безбедност и квалитет, да одберете од нашите производи, слушајќи го омиленото радио Канал 77.

Супер 7 овозможува  на лојалната публика да користи нови и пријателски дигитални алатки за да го олесни секојдневниот живот.

Супер 7 ви овозможува безбедно, брзо и едноставно он лајн плаќање со картичка.

Супер 7 се грижи за вашата приватност и заштита на лични податоци

Супер 7 нуди можност да се придружите на Фан клубот Канал 77 и да  бидете први кои ќе слушнете.

Ако сте член на Фан клубот Канал 77 ќе добиете можност да аплицирате за картичка со попуст на производите на он лајн продавницата Супер 7, како и други изненадувања и поволности.

 

Што е Фан клуб Канал 77

 

Фан клуб Канал 77 е заедница на нашите читатели и слушатели која станува се поголема и поголема.

Секој заслужува да има пристап до висококвалитетно, независно новинарство засновано на вистината.  

Сакаме да имаме можно повеќе ресурси за да ја искорениме корупцијата, да ја разоткриеме неправдата и нееднаквоста и да ги повикаме моќниците да одговараат за своите постапки. 

Тоа е неопходно за демократизација на нашето општество за што не можеме без вашата поддршка.

Ви благодариме за сe’ што правите подржувајки го моќното и влијателно новинарство, базирано на факти.