„Колку многу имате светлина, сонце, безброј сончеви денови,“ , се најчестите зборови кои што ги слушаме како прв впечаток кога некој ќе ја посети нашата земја.
„Ех, да го имаме оваа сонце и кај нас како тука!, се некои од коментарите коишто ги слушаме.
Ете ние го имаме сонцето, ја имаме светлината но колку ја користиме?
Колку тоа што бесплатно ни го нуди природата, го ставаме во функција на нашите потреби, да си го олесниме животот, но и да си ги зачуваме парите во домашниот и државниот буџет?
Истражувањата велат дека Македонија е земја со 280 сончеви денови годишно и таа е втора земја во светот, по Калифорнија со најквалитетен , како што ќе речат стручњаците, „пик на сончева енергија“. За жал, во искористувањето на таа сончева енергија сме меѓу последните земји.
Иако Македонија располага со изобилство на сончева енергија, сепак, таа е многу далеку, на пример, од Австрија и Германија, кои имаат 30 отсто помало сончево зрачење од Македонија, но, се водечки во Европа според искористувањето на сонцето.
Енергијата од сончевото зрачење е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив извор на енергија, која не ја загадува околината.
Состојбите на овој план, сепак се подобруваат. Во Македонија станува сѐ поактуелно сонцето како обновлив извор на енергија и расте бројот на сончевите централи. Се почесто на крововите на куќите, зградите, училиштата , градинките , институциите се инсталираат сончеви колектори. Државата ги стимулира граѓаните со субвенции, помагаат и Европските фондови…
Но потребна е и едукација.
Колку граѓаните се запознати со придобивките и предностите од користењето на сончевата енергија
Нема трошоци-Сонцето сјае во секој случај. Електричната енергија што ја генерирате со помош на соларни панели е бесплатна.
Наменета употреба– Сопствениците на соларни панели генерално користат повеќе свесно електрична енергија и трошат во просек помалку од домаќинствата, без панели поставени на покривот.
Заштита на животната средина- Соларните панели не предизвикуваат никакви стакленички гасови и затоа немаат емисија на СО2 и затоа се подобри за животната средина од другите (фосилни) извори на енергија. Соларните панели се произведуваат на еколошки начин, така што тие се и подобри и на тој начин.
Безбедност во користењето- Обезбедувањето на енергија со помош на соларни панели е сосема безбедно и нема шанси за несреќи.
Лесна и едноставна инсталација– Соларните панели може да се инсталираат на вашиот покрив за кратко време од страна на сертифицирана компанија за инсталација. Често работата се завршува во рок од еден ден.
Лесно одржување – Има релативно малку абење и, освен редовното чистење, панелите не бараат одржување.
Долг век на траење- Соларните панели имаат долг работен век, во просек од околу 10 до 20 години.
Можност за рециклирање- Кога панелите треба да се заменат, тие можат да се рециклираат за 90% и затоа можат повторно да се користат за изработка на панели.
Се зголемува вредност на вашата куќа– Ако сакате да ја продадете вашата куќа во иднина, корисно е да имате панели. Присуството на соларни панели значи повисока цена за вашата куќа.
Без флуктуирачки (променливи) цени– Кога цените на добавувачите на енергија варираат, тоа не влијае на трошоците за електрична енергија, бидејќи вие самите ја генерирате вашата енергија и затоа не сте зависни од надворешен снабдувач.
Грантови– Ако генерирате енергија на одржлив начин, исто така имате право за субвенции и за сертификат за зелена енергија.
И уште една придобивка, мала но многу значајна-Ако знаете дека ќе поминувате време подалеку од штекер додека кампувате или пешачите, можеби ќе сакате да пробате соларен полнач за телефон. Тие ви даваат слобода да ги одржувате вашите уреди да работат и бараат енергија само од сонце.
Сонце, светлина, бесконечна енергија – ги имаме во изобилство, би било штета да не ги искористиме.