Мирис на дома, на семејството и блиските е магијата на новогодишното украсување - Super 7.mk

Мирис на дома, на семејството и блиските е магијата на новогодишното украсување

Црвена, златна, бела и зелена се боите што го обојуваат и овој декември во пресрет на празниците. Многу домови овие денови светнуваат во боите на празниците, внатре во дневните соби, но и се’ почестата практика да се украсуваат дворовите, терасите, фасадите.

Борови дрвца, шишарки, венци, лампиони, санки, бонбони, доминираат во новогодишните декорации. Сте се запрашале ли зошто толкав напор да се украси, а потоа по речиси два месеци и да се спакуваат украсите за следната година? Тоа е колективен напор, толку универзален што малкумина од нас помислуваат зошто е толку важно? Најпосле зошто украсуваме?

За многумина, осветлувањето на фасадата и закачувањето украси на новогодишната елка се носталгичен повик на деновите од детството и младоста. Потсетување на времето кога како деца се кревавме на прсти да го дофатиме повисоките гранки од елката, додека украсувавме заедно со нашите родители. Родителите пак, се надеваат дека ќе ја воскреснат магијата и радоста на празничната сезона за нивните деца, претворајќи ги долгогодишните семејни навики во новогодишни ритуали. Декорациите се дел од доловувањето на таа стара искра, а начинот на кој ги поставуваме станува магично. Ова е причината зошто кога некого ќе прашате за нивните лични традиции за украсување на празници, речиси со сигурност ќе ви сподели барем една која е единствена за него и неговото семејство.

Младите семејства се можеби најпосветени на украсувањето, особено оние кои се обидуваат да им ја пренесат магијата на новогодишното украсување на своите деца. За нив, но и за сите пасионирани љубители на новогодишното украсување, електронската продавница Супер 7 обезбеди се’ што треба да ја долови топлата празнична атмосфера – од новогодишни украси, постелнина и перничиња до симболот на овие празници – новогодишната елка.

Новогодишната елка симболот на празничната сезона

Постојат неколку теории за тоа како дошло до ова. Една од нив е дека самото дрво е „христијанизација“ на паганските традиции поврзани со зимската краткоденица. Овие традиции вклучуваат украсување со зимзелени гранки.

Самото украсување на новогодишната елка претставува интересно време во историјата на осветлувањето. Томас Едисон е заслужен за измислувањето на првото електрично божиќно осветлување. Тој ја украсил својата лабораторија Менло Парк – домот на неговиот бизнис, компанијата Илуминација – со низи од електрични блескави светилки. Тој го направи ова не само за да рашири божиќната атмосфера, туку и да ја промовира употребата на електрично осветлување. Во 1882 година, Едисон и неговиот колега пронаоѓач Едвард Џонсон ја претставиле првата украсена елка на струја во домот на Едисон на Менхетен. Тие употребиле 80 црвени, бели и сини електрични светла за да украсат дрво и при тоа поканиле стотици луѓе да го видат на дело. Од тогаш па се’ до сега, светилките и електричните новогодишни елки остануваат омилена декорација.

Во време кога се бара заштеда на електричната енергија, ви го препорачуваме волшебното новогодишно дрвце со штедливи ЛЕД светилки. Волшебното дрвце доаѓа директно во вашиот дом, спакувано со кабел и адаптер. Ваше е да изберете боја – бела или црна.

Зошто црвено и зелено?
Зелената боја се поврзува со продолжување на животот во текот на зимата, како и со верувањето во вечниот живот на Исус. Во меѓувреме, црвената традиционално се користела за да ја симболизира крвта на Исус. Денес, црвената и зелената боја се користат и во нерелигиозни и во религиозни услови за прослава на сезоната! Но, и не само зелената и црвената боја. Златната, белата и сребрената се исто така, симбол на новогодишните украси.

Овие бои доминираат и во производите на продавницата Супер 7. Погледнете и изберете, зашто претстојните празници не се целосни беа деталите кои потсетуваат на мирисот на дома, семјеството и традициите.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *