(21.05 – 20.06) Близнаци
Близнаците сакаат подароци кои ги прошируваат нивните хоризонти. Подарете им примамлива книга, некое научно списание, билет за некој културен настан или патување и верувајте ќе ги направите пресреќни.
За близнаците подароците и не се толку важни. Личноста е поважна за нив отколку подарокот. Тие сакаат необични подароци и многу им е важно што е напишано на картичката – треба да е нешто од срце. Овој знак управува со рацете и дланките, па парфимиран лосион за раце, блескав прстен, ракавици или нешто друго поврзано со овие делови од телото ќе ги задоволи.
Близнаците се најљубопитниот знак во хороскопот и со нетрпение чекаат да видат што се крие под опаковката. Но, тоа не е поради богатството кое се крие внатре, туку едноставно поради задоволувањето на нивната љубопитност. Тие никогаш не гледаат материјалистички на подароците.
Предлог: Купете им сребрен прстен или пак позлатен со кристали