(21.06 – 22.07) Рак
Раковите се познати по тоа што се премногу сентиментални, затоа и сакаат подароци со лично значење. Можете да им подарите рамка за слика со фотографија од некој од вашите заеднички моменти, албум со ваши слики или дневник со моментите поминати заедно.
Лична посета на денот на роденденот или на некој празник до нивниот дом ќе ги направи пресреќни. Доколку не можете да ги посетите, немојте да заборавите да им се јавите или да им испратите SMS.
Раковите владеат со секторот на домот, па подарокот за нивниот дом неверојатно ќе ги израдува. Но внимавајте, подарокот мора да биде практичен, за да можат да го користат секојдневно. Колку поголем и потопол е подарокот, толку подобро. Обожаваат да одат во сауна. Имаат афинитет кон течности од секаков вид. Можете да им подарите шише вино, машина за кафе, чајник и сл.
Предлог: Подарете им финска сауна