Важна ли е се’ уште астрологијата во време на силен развој на техонологијата и науката?
Ние веруваме дека е важна!
Астрологијата е концепт кој неуморно се провлекува низ времето и концепт кој се’ уште не воодушевува со помислата дека планетарните тела и нивниот распоред можат да имаат силно влијание на нашето секојдневие, но можат во извесна мера да ни предвидат и што ни носи иднината.
За секој еден од нас, приказната со астрологијата започнува во моментот на нашето раѓање. Во тој магичен момент кога светот ти вели „добредојде“
+, астрологијата исцртува мапа која го бележи твојот пат низ времето кое ќе го поминеш на оваа планета, а кој пат во астрологијата е запечатен со твојот хороскопски знак.
Сигурни сме дека ко и на нам, исто и тебе ти е од посебно значење твојот хороскопски знак како симбол на почетокот на твоето патување на Земјата кое стартува на твојот омилен ден – твојот роденден!
Ваквите значајни симболи секогаш ни се „при срце“, а во случај да сакаш буквално при срце да го имаш својот хороскопски знак, ние би рекле дека нема подобра идеја од уникатно ланче со хороскопски знак кој ќе те потсетува секојдневно дека имаш свое специјално место на Земјата.
Без разлика како денес ти се подредени планетите и што ѕвездите имаат да ти порачаат, еден аутфит надополнет со астро-ланче со сигурност ќе ти го направи денот.
За твоја среќа, а на наше задоволство, ние имаме галерија од која можеш да го избереш своето совршено астро-ланче кое ќе ти го запечати стајлингот, а и дефинитивно ќе ти ги подреди ѕвездите за прекрасен ден 😉