Купувањето преку Фејсбук често завршува со празни џебови и празни раце - Super 7.mk

Купувањето преку Фејсбук често завршува со празни џебови и празни раце

Многу потрошувачи купувањето преку Фејсбук, го идентификуваат со дигиталната трговија и проверените и сертифицирани е-продавници, кои за да отворат и работат поминуваат низ многу филтри и процедури. Токму поради непознавањето и неинформираноста, бројните реакциите на измамените купувачи, кои нарачале едно, а добиле друго или платиле, а добиле производ несоодветен на прикажаното на фотографијата или описот под неа. Честите се и случаите, кои тнр. Фејсбук трговци потоа престанале да им одговараат на пораките на измамените граѓани, или сосема ги блокирале за комуникација.

-Често потрошувачите поради недоволната контрола во оваа сфера и недоволната едуцираност набавуваат стоки и услуги од лица кои не се регистрирани за вршење на ваква дејност или физички лица кои не ги прават јавно достапни потребните информации, а нудат стоки или услуги електронски преку социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, веб страници за огласување итн.). На овој начин, при каква било повреда на правата, потрошувачите остануваат целосно незаштитени бидејќи немаат информации за трговецот од кој би ги оствариле своите права по пат на судска или административна постапка, укажуваат од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Во овие ситуации, граѓаните едноставно останале измамени од нелегални (диви) продавачи. Затоа пак, доверливоста е кај регистрираните електронски трговци, кои подлежат на законската регулатива.

Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) издаде повеќе едукативни публикации, кои се однесуваат на набавки на стоки преку интернет, односно при дигитална трговија. ОПМ укажува на новата Директива на Европската Унија за правата на потрошувачите, која ги засили правата на потрошувачите особено при купувањето по пат на интернет. Предностите што таа ќе им ги овозможи на потрошувачите се следниве: елиминирање на скриените трошоци трошоците на интернет; зголемена транспарентност на цените; рок од 14 дена за потрошувачот да може да се премисли; подобри права за поврат на производот; единствен формулар за откажување од договорот или за еднострано раскинување на договорот; елиминирање на дополнителни трошоци при користењето на кредитните картички и телефонски линии; појасни информации за тоа кој ги плаќа трошоците во случај на враќање на производот на трговецот; подобра заштита на потрошувачите во однос на дигиталните производи и заеднички правила на тргување за компаниите кои тргуваат во Европа.

Затоа, при купување на интернет, имајте во предвид дека купувањето од регистрираните трговци е сигурно и може да се повикате на законските одредби.

Еден од сигурните трговци е Супер 7, кој е верификуван член на „E-commerce for All”.

Како потврда за верификуван трговец е беџот – визуелна ознака која е поставена на веб страницата која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со Правилникот.

Супер 7 и во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нуди празнична програма, која не само што ќе ги израдува најблиските, туку во трговските односи со своите купувачи се придржува на правилата за фер трговија.

 

комерцијален блог

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *